Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николовски, кој воедно е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за време на денешната расправа во Собранието истакна дека се злоупотребува процесот на пристап на земјава во ЕУ од страна на власта.
-Бесрамно тој процес се злоупотребува континуирано со цел одредени политички структури да останат на власт, но и да се отворат нови процеси како „Отворен Балкан“, кои имаат пред себе многу прашалници за кои нема одговори, а се однесуваат на иднината на државата и на регионот и стабилноста на границите – рече Николоски.
Во врска со спорот со Бугарија, Николовски нагласува дека има впечаток оти не постои посериозен притисок врз Бугарија. Според него, постои само декларативен пристисок на зборови.
-Можам да се согласам со Никола Димитров дека какво било решение треба да дојде и да се усвои во македонското Собрание, но прашањето кое ми се поставува е дали ќе има било какво решение бидејќи нема притисок врз другата страна – рече Николоски.
Димитров бара секое решение со Бугарија да помине во Собрание