Нешто со што недоволно се занимава јавноста е финансирањето на бугарските клубови со што би сакал да ги повикам надлежните институции во Македонија, пред се мислам на Агенцијата за разузнување, на Агенцијата за национална безбедност и на финансиското разузнување, да испитаат кој хара по Македонија и кој финансира отварање на овие бугарски клубови, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“.
Николовски посочи дека бугарските клубови во Македонија се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој, како што вели, главно се занимава со бизнис во медицината.
-Тие клубови не се финансирани со домашни средства, не се финансирани од основачите на тие клубови, ниту се финансирани директно од бугарската држава преку програма за поддршка на националните малцинства, туку се финансирани од фондација која што е во сопственост на еден исклучително богат човек од Бугарија кој што главно се занимава со бизнис кој што е во медицината односно има болници, добро познат претпоставувам на нашите служби. Треба малце да си поводат сметка што и како прави и како е возможно да доаѓа во Охрид на отварање на клубот „Цар Борис како што го нарекоа и како е возможно да овие клубови се финансираат, тоа е директно мешање на внатрешни работи на суверена држава – рече Николоски.