Николоски: Скопските кандидати на СДСМ се деца на богаташи

by fokus

Најголем дел од кандидатите на СДСМ за градоначалници на Скопје се деца на транзиционите олигарси и богаташи, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Значи тоа се деца на оние кои што ја покрадоа Македонија во темната приватизација од 1991/92 до 1997/98 година. Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Аеродром, Александар Филиповски, е син и внук Благоја и Илија Филиповски. Кои што постарата генерација ги памети по тоа што беа главни во приватизацијата и затворањето на фабрики во Македонија. Беа првите двајца кои што изградија хациенди на Водно надвор од она што комунистите го поделија на функционерите – рече Николоски на Канал 5.

Во однос на тоа, реагираше Филиповски, кој преку фејсбук возврати дека Николоски измислува лаги за неговата фамилија и неговото работно искуство.

„Јас сум горд на 14-годишното работно искуство во приватниот сектор. Признавам. Политиката не ми е сѐ во животот. Научен сум да работам, да управувам компанија со 120 вработени луѓе, каде што сите се еднакво вреднувани. Да, коосновач сум и на Sherpa Horse Riding – пример за успешен бизнис, кој ја зголемува туристичката понуда на Галичник и Македонија. И од ова треба да се срамам?“ – реагира Филиповски.

Воедно, Николоски ги спомена и кандидатите за Кисела Вода и Бутел, Филип Темелковски и Велимир Смилевски, кои, според Николоски, се, исто така, синови на транзициски бизнисмени.

Поврзани новости