Фирма во сопственост на синот на Миодраг Додик добила тендер од Министерството за внатрешни работи за набавка на 1.500 компјутери, изјави вечерва Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на Канал 5.
-Од една страна устата им е полна НАТО, ЕУ, прозападна ориентација, а од друга страна си прават бизнис со луѓе кои се противници на тоа. Јавноста добро знае дека Додик е на црната листа на САД и добро знае дека Алтернативна ТВ која е во доминантна сопственост на Поинтерес и на Инфинити се директно поврзани со синот на Додик, вели Николоски.
Според него, ова не е единствен тендер кој го добил синот на Додик во Македонија.
-Комапнијата Инфинити има добиено дури три тендери во вредност од 1,643 милиони евра од МВР, Министерството за финансии и МАРнет, компанијата која ја одржува цела интернет мрежа, рече Николоски.