Николоски: Секој глас за помалите партии е глас за Заев

by fokus

Одликата на СДСМ е дека бандитите владеат со партијата, тоа е клучна разлика помеѓу нас и СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на митингот во Зелениково.

-Често луѓе знаат да ме прашат абе кој ќе ги гласа овие, имајќи во предвид дека сите знаеме дека се бандити, национални предавници, дека десната на левата рака не и верува и дека мислат само на сопствениот интерес. Од прилика тие кои што го гласаат СДСМ се фамилиите, семејствата кои што ја покрадоа Македонија во 90-тите години, во годините на транзицијата, во годините кога 300.000 луѓе останаа без работа, во годините кога се затворија фабриките и земјоделските комбинати и во годините кога малкумина се обогатија, тие нивните деца и внуци гласаат за СДСМ. Сите останати сме во ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, секој глас за помалите политички партии е глас за Зоран Заев и СДСМ.

Поврзани новости