Политичките и економските односи, како и подготвеноста на Унгарија да помогне во справувњето со пожарите биле дел од темите на кои вицепремиерот и министер за транспрот, Александар Николоски, разговарал на средба со политичкиот директор во кабинетот на шефот на унгарската влада, Балош Орбан (не се во роднинска врска со премиерот на Унгарија н.з.) во Будимпешта.
На средбата посебен акцент, како што соопштија од Министерството за транспрот, бил ставен на заемот од унгарската влада од 500 милиони евра како помош на македонската економија.
„На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи на Македонија за поддршка на домашната економија. Заменик-претседателот Николоски изрази огромна благодарност до унгарскиот колега Орбан и ја потенцира подготвеноста на Владата за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата“, се наведува во соопштението за средбата на Николоски, кој, како што информираат од Министерството, денеска е во работна посета на Будимпешта.