Николоски се сомнева дека има и други случаи како Онишченко

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот кој вели мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето,

– Ова воопшто не е наивен случај, ниту е се случајно. Имено за било кое лице да добие државјанство кое не е родено во Македонија мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата.  Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само  два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју, рече Николоски.

Тој рече дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата.

„Според мои сознанија кои се кредибилни има уште неколку други случаи на издавање на државјанство на случен случај како Онишченко кои се исто така спорни за кои исто не е направена безбедносна проверка и  само покажува силна ерозија во рамки на безбедносните служби. Се работи за четири други пасоши дадени на лица со спорно или криминогено минато. Ова е надвор од скандалот за 215 пасоши за нарко босови“, додаде Николоски.

Поврзани новости