Николоски: Се лажирале резултатите за Димитриевски поради битката меѓу него и Спасовски

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвини дека биле лажирани резултатите од испитувањата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за Ковид 19. Според него, постои битка меѓу Димитриевски и техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој исто така е од Куманово.

-Куманово отиде во лакрдија. Дури гледаме се лажирале резулати за градоначалникот затоа што таму постои битка помеѓу Оливер Спасовски и Максим Димитриевски. Двајцата се од Куманово и се борат кој да е локален шериф и во таа битка толку брутално отидоа што биле лажирани тестови за градоначалникот на Куманово дека наводно е позитивен, а човекот не е позитивен – рече Николовски.

Воедно, тој посочи дека алармантна е ситуацијата и во Прилеп, каде, како што рече, дневно може да се тестираат само 10 лица, додека за резултати се чека од 5 до 7 дена.

-Во тие 5 до 7 дена можат да се развијат симптоми, може да се влоши ситуацијата, а за жал може да се изгуби и животот. Зошто не отишол Венко Филипче, кој секој ден држи пресови, во Прилеп да се види со луѓето, да поразговара со нив и тие да му кажат што мислат за пресовите. Во Прилеп бурата е дојдена и за жал сега целиот град е под опасност – порача Николоски.

Поврзани новости