Николоски: СДСМ прави негативна кампања, демек сме прифатиле нешто!

-Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!, смета Николоски.

by fokus

Прифаќање на бугарски диктат нема, но може да има заштита на националните интереси. Наместо да се приклучат одлучија да прават негативна кампања со невистини демек ВМРО ДПМНЕ прифатил нешто, а јасно е година дена дека не прифаќаме ништо од нивните лоши одлуки за Македонија!, напиша денеска на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски откако СДСМ и денеска порачаа дека Мицкоски прифатил уставни измени.

-Неколку збора за вистината- цела година ја лажат јавноста дека преговараат со пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, имале па немале, ги делат луѓето на проЕУ и антиЕУ, прогресивни и регресивни, вакви и такви, а вистината е желба за ден повеќе криминална власт!
2/3 во Собранието немаат и никогаш нема да имаат! Од ВМРО ДПМНЕ поддршка за уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има! Најдобар доказа за ова е што предлогот за уставни измени не го ставаат на гласање!
Им понудивме национално обединување на Македонците- го одбија! Станаа класични измеќари на ДУИ и Ахмети!Една година потоа после сите лаги и подметнувања СИТЕ пратеници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се ПРОТИВ бугарскиот диктат и се столбот на одбраната на македонскиот национален идентитет. Понудивме и решение на проблемот што тие го создадоа, а не можат да го решат. Одбија! Кодошат и ја злоупотребуваат меѓународната заедница, одлучија наместо да прифатат решение да спинуваат. Лоши “спин доктори”!, пишува Николоски.

Тој додава дека тие понудиле државнички пристап, а СДСМ примитивизам и предавства.

-Избори се решение, колку побргу заминат толку побргу ќе огрее сонцето за Македонија! Народот да каже за иднината на Македонија како врховен судија во политиката!, смета Николоски.

Поврзани новости