Николоски: Продолжуваме со собирање на потписи, до завршување на акцијата ќе имаме над 100.000

by Fokus

Денеска втор ден продолжуваме на преку 300 локации низ цела Македонија со собирање на потписи за поднесување на закон во Собранието на Македонија за поништување на спорниот закон за попис. Сметаме дека големиот одзив на граѓаните, 25.000 потписи само за еден ден, а денеска очекуваме да ја достигнеме бројката од 40.000 потписи што значи дека до завршувањето на целата оваа акција која што ќе трае 21 ден, многу над 100.000 потписи ќе имаме , изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сето тоа покажува дека народот, граѓаните на Македонија, македонскиот народ и сите останати кои што живеат во Македонија не се согласуваат со ваков попис, со попис кој што е политички, а не статистичка, попис кој што не ги почитува правилата на Евростат, попис кој што значи дискриминација и попис кој што значи политички договор. Таков попис не смее да помине и затоа македонските граѓани од сите градови и села се потпишуваат втор ден за закон за поништување на законот за попис. Јас сум убеден дека кога ќе стигне таа огромна бројка на потписи во Собранието која што денес можам да кажам ќе е многу поголема од првично проектираната бројка од 100.000, дека пратениците ќе го усвојат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и овој закон за попис кој што не е согласно критериумите и препораките на Евростат и е политички, а не статистички ќе биде поништен односно укинат, вели тој.

според него она што е жално и што вака навистина предизвикува една мачнина кај сите нас е што додека власта во Македонија која што е убедливо најнеспособна од било која Влада досега видена во Македонија се занимава со вакви глупости, се занимава со едни политички договори е единствена Влада која што не може да купи вакцини со цел да се имунизира населението.

-Гледаме регионот како оди напред. Па така, денес имаме две најави во регионот, кој што за македонски услови би биле фантастични. Имено, денеска владата на Албанија потпиша договор за инвестиција во градот Драч од две милијарди евра. Инвестиција која што целосно треба да го трансформира пристаништото во Драч и целата околна област. А, исто така денеска, една од најголемите јапонски фирми за производство на електрични мотори „Никеј“, објави дека во Србија ќе инвестира 1,9 милијарди евра.Значи, само во еден ден, во соседството имаме најава за инвестиции од околу четири милијарди евра, а во Македонија Заев и неспособните околку него не можат да купат една вакцина. Тоа е тажната вистина за Македонија и затоа оваа власт, треба и ќе си оди ден и час поскоро, нешто што ќе го гледате во неделите кои што доаѓаат, рече Николовски.

 

Поврзани новости