Николоски: Повеќе од 10 илјади луѓе беа спречени да го прослават Илинден

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во емисијата Вечерашно шоу со Богдан Илиевски на телевизија Алфа детално објасни околу злоупотребата на прославата на 2ри Август Илинден во Крушево, за кој рече дека владата на СДСМ се обидела целиот настан да го партизира глумејќи патриоти за кој како што рече Николоски не смее да се заборави дека истата таа влада пред месец дена потпиша договор со кој се откажуваат од Илинденското востание, дека зборуваме на јазик кој е дијалект на бугарскиот јазик, како и дека немаме историја и сме вештачки настаната нација.

-Условно кажано бев и учесник во дел од тоа што се случуваше затоа што се обидував да најдам разум кај владиниот протокол кој што работи по наредба на врхушката на власта, да не се лажеме, кај полицијата и кај обезбедувањето, официјално и неофицијално кај параполицијата, кај сета таа болумента која што беше таму, се обидував да најдам минимум разбирање да го пуштат народот да ја прослави манифестацијата. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сепак одлучивме да учествуваме, затоа што се надевавме дека ќе успеат да се надминат себе иако имаше информација уште од претходните денови дека притискаат партиски членови на сила да одат на Мечкин Камен, организираат автобуси, а во исто време дека ќе ги спречуваат сите оние кои што сакаат доброволно, затоа што го ценат празникот да отидат и да ја проследат манифестацијата. Но, независно ВМРО-ДПМНЕ имаше своја делегација која што покрај мене беше пратеникот и член на Извршниот комитет, Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, рече Николоски.

Тој додаде дека десетици илјади луѓе ни биле пуштени да го прослават Илинден на месноста Мечкин Камен и покрај неговата реакција.

„Драмата почна кога тргнавме кон Мечкин Камен. Прво, владината делегација чудно брзо ја напушти централната црквата во Крушево Св. Никола во која имаше панихида за загинатите востаници и ја водеше лично дедо Петар кој што е надлежен митрополит во целиот тој регион, и наместо да се поздрават со дедо Петар тие заминаа, ние останавме се поздравивме, поразговаравме, и практично после сфативме зошто избегаа од нас. Кога тргнавме накај Мечкин Камен, јасно беше дека полицијата во оној дел го знаат крушевчани добро, а и на љубителите на екстремни спортови каде што се полетува со параглајдер дека тука беше запиран народот, и тука имаше да не претерувам преку 10.000 луѓе. На почеток помисливме дека се работи за луѓе кои што поспоро движат, но подоцна сфативме дека тие луѓе воопшто не можат да се движат, за подоцна да добиеме информација дека воопшто не се пропуштаат тие луѓе, затоа што не се на официјалната протоколарна листа. Јас тука застанав, реагирав кај соодветните таму кој што го правеа редот и ми беше ветено дека ќе бидат пуштени луѓето. Но, за жал не беа пуштени луѓето, а малку подолу беа паркирани 10-тици автобуси полупразни од кои што излегуваа овие партиски активисти“, заврши Николоски.

Поврзани новости