Би сакал да се заблагодарам на преку 75 илјади жители на четвртата Изборна Единица кои што го подржаа бројот 14 и гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, тоа е највисок резултат за ВМРО-ДПМНЕ од сите шест изборни единици, истакна носителот на пратеничката листа Александар Николоски.
-Од вкупно 19 општини во четвртата Изборна Единица, ВМРО-ДПМНЕ победи во 12 општини, а во две општини беше нерешено. Да го немаше масовниот поткуп и притисоците и уцените коие што се случија, ќе победевме и во останатите општини. За жал вчерашниот ден, како и целата кампања, беше пример како функционира власта на Зоран Заев, масовен поткуп, притисоци, уцени и закани. Двајца градоначалници од редовите на СДСМ беа фатени како вршат поткуп, а бројни други активисти и функционери на СДСМ го правеа истото – рече Николоски.
Тој ги повика обвинителството и надлежните органи да реагираат и да ги расчистат овие инциденти затоа што овие инциденти, според него, го нарушија демократскиот процес на изразување на слободната волја на граѓаните.