498
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека 99 отсто ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбие предлогот кој денеска стигна од Франција
-Да оставам еден процент простор дека нашите информации не се точни, дека Радев и Петков станале пацифисти и предлогот е добар. Но, 99 отсто е дека предлогот ќе биде одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.
Тој порача дека доколку бил добар предлогот, тогаш премиерот Димитар Ковачевски и целата Влада ќе славеле.