Николоски: Османи и Бушати имаат таен договор Македонија да забави со реформите

by fokus

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ21 наведе дека предупредил дека има таен договор меѓу Бујар Османи, вицепремиерот зз евроинтеграции на Македонија, и Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија.

Целта на таквата спогодба е Македонија да забави со реформите, за да не се забележи толку многу големото нереализирање на реформите во Албанија, и двете држави да продолжат во ист пакет да го чекаат датумот за преговори од Европската унија.

 

„Заев и другите владини претставници мислеа дека ако го сменат името ќе им биде дозволено се од надвор, но казнети се. Не можат да мислат така. За Македонија не е добро да има пракса на криминал. И меѓународните претставници се незадоволни од ситуацијата во земјава“ рече Николоски.

Николоски оцени дека на дебатата во Бундестагот дента се зборувало дека во Македонија има голема корупција, нема владеење на право и слично.

Поврзани новости