556
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 говореше дека не гледа еднаквост од страна на нашиот сосед Бугарија.
„Не гледам на што се обврза Бугарија да го направи. Има 14 пресуди на ЕСЧП во Стразбур и сите се однесуваат на малцинските и јазичните права на Македонците во Бугарија и затоа Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа. Нема овде реципроцитет, од Македонија се бара 100 работи, но од Бугарија ниту една, рече Николоски.