502
Се надевам дека новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски ќе има разбирање и дека ќе ја повика неговата пратеничка група да гласа во Собранието за предвремени парламентарни избори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
-Покрај резултатот од локалните избори има уште една суштинска причина зошто ние бараме предвремени избори. Двата столба на кои што се темелеше оваа Влада или ако сакате понудата на СДСМ и ДУИ беше интеграции во ЕУ и подобрување на економската состојба. Четири и пол години подоцна, Македонија по којзнае кој пат, за жал, нема да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ – рече Николоски на ТВ 24.