Николоски: Новата декларација од Бугарија е доказ дека бугарските барања немаат крај

by Fokus

Новата декларација на Комисијата за надворешни работи на Бугарското собрание е најдобар доказ дека бугарските барања немаат крај, а клучниот проблем е што нашата Влада не ја почитува Декларацијата изгласана во македонскиот Парламент каде се исцртуваат македонските црвени линии, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Прво, овие најнови активности на Бугарското народно собрание одат во потврда на тезата дека бугарските барања немаат крај. Второ, она кое што многу загрижува е што македонското Собрание донесе Декларација во која што беа испишани таканаречените црвени линии кои Владата треба да ги почитува во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Ништо од овие црвени линии не е испочитувано. И клучното прашање не е зошто Бугарија носи декларации, тие може да си носат какви сакаат декларации, клучното прашање е зошто тие документи кои што македонското Собрание ги усвојува и се обврзни, не се почитуваат од Владата на СДСМ и ДУИ, нагласи Николоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат власта да ги испита наводите дека здруженија, фондации, поединци и  странски агентури се вмешани во провокациите кон земјава и да го истражи финансирањето на бугарските клубови, а Бугарија да ги почитува пресудите од Стразбур.

Отсуството на државна стратегија, според Николоски, не довело до точка на студена војна со Бугарија

Поврзани новости