“Николоски никогаш не работел ништо во животот – дваесет години зема државни или партиски пари*

by Fokus

Уште од неговиот ангажман во Унијата на млади слики на ВМРО-ДПМНЕ кога има само 20 години до сега, Александар Николоски цел свој професионален живот го живее на сметка на државата или на партијата.

Ова го изјави на митинг во Неготино кандидатот и актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски како одговор на прашањето од Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе ги користи претседателските привилегии што му следуваат според закон по завршување на мандатот.

„Интересно е што тој човек го покренува тоа прашање. Тој човек, не знам кој знае, кој не знае, од своите рани дваесетти години или партијата или државата го финансира, буквално така. Значи тој е на јаслите на државата и на партијата од време кога бил во Унија на млади сили. Никогаш самиот нема ништо сработено и заработено во животот”, истакна Пендаровски од Неготино.

Пендаровски потенцира дека тој пред да стане претседател имал професија и по завршување на мандатот ќе продолжи да го работи тоа што го работел претходно, додавајќи дека тоа ќе биде по 2029 година бидејќи е уверен дека тој ќе добие поддршка за следните 5 години повторно да ја води државата.

Поврзани новости