Заев сакаше да го затвори РЕК, каде работат 7.000 луѓе кои ќе остане без работа и влезе во процедура за затворање во два рока 2025 и 2027 година и струјата во Македонија почна да поскапува уште пред да се случи војната во Украина. Само во Македонија поскапуваше струјата, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кај „Јанко јади бурек“ на ТВ Сонце.
Николоски посочи дека поради оваа власт сега не може да си ги платат сметките ни фирмите ни граѓаните.
-Општина Битола до лани плаќање 25.000 евра месечно за струја, оваа година плаќа 150.000 евра. Оваа година Битола ќе плати 1.8 милиони до 2 милиони повеќе за струја, и тоа значи дека толку битолчани треба да платат повеќе, или ништо да не се работи. Граѓаните ќе бидат погодени или на еден или на друг начин. Просечна фирма плаќала 100.000 евра струја, сега плаќа 500.000 струја, или 5 милиони годишно. Сопствениците или бркаат вработени или ги зголемуваат цените што пак народот го плаќа тоа, рече Николоски.
Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ побара реактивирање на РЕК Осломеј кој работи со увезен јаглен, а може да се отворат нови копови, целосно реактивирање на РЕК Битола, каде во моментов еден блок не работи, а другите два со ограничен капацитет, но власта заради бизнис интереси тоа не го прифати.
-Не го прават тоа затоа што главен увозник на струја е фирмата на поранешниот вицепремиер за економски прашања, второ син му на Зоран Заев отвори фирма за трговија со струја и трето нема позначаен функционер во оваа влада кој не е во трговија со струја, фотоволтаици или ветерници, истакна Николоски.
Николоски додаде и дека власта ништо не прави на полето на гасификацијата и работите стагнираат каде што застанаа.
-Скопје требаше да де гасифицирано 2018 година, а 2022 нема ништо, секундарна во цела држава исто во тој период, гледаме нема ништо, а гас има до каде што претходните влади донесоа, а овие ништо не направија. Зборуваа за големи проекти и нема ништо од тоа, изјави Николоски.