Не прифаќам дека сме под притисок затоа што мислам дека е погрешен збор, можеби е поправилно да се каже дека се врши интензивно лобирање или убедување да ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на Радио Лидер.
-Не го прифаќам зборот притисок затоа што притисок можат да ви направат доколку имаат за што да ве притиснат, ако нема тогаш нема. За среќа ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема за што да е притиснато, имаме луѓе кои се чисти како солза и посветени на својата работа и не можат да бидат притиснати, уценети или натерани да бидат да прават работи кои не се согласно нивните убедувања., изјави Николоски.
Николоски додаде дека овој т.н. француски предлог во суштина е бугарски предлог ко беше прифатен минатиот јули и една година помина како велат кај да е ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа, а тоа не се случува.
– Тоа изгледа како народната приказна со волкот, или сега кога сите сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени одат на втора теза што ќе му се случело на ВМРО-ДПМНЕ ако не гласа. Ние бараме утре да ги стават на дневен ред во Собрание за конечно да се разбие оваа работа, за да заврши оваа приказна, рече Николоски.