631
Потегот на Владата да протера еден руски дипломат е во ред, „наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во интервју за емисијата „200“ на телевизија „Алсат“.
– И министерот за надворешни работи и Владата прават грешка што ја исклучуваат опозицијата од овој процес на споделување информации и консултации со опозицијата. Ние го осудуваме актот што се случи во Велика Британија, сметаме дека е тоа директен атак врз земјата, кон која имаме сериозни симпатии. Наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон. Местото на Македонија е во ЕУ и НАТО. И затоа сметаме дека е во ред ова што го направи Владата – рече Николовски.