Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави деветта авиолинија во земјава.
Како што рече на меѓународната конференција за бизнис дипломатија, се уште не може да каже јавно за што станува збор, но „дијаспората ќе биде многу среќна кога ќе слушне“.
Очекувањата на Николоски се дека пред нас е стабилна и исклучително успешна година со рекорден број странски инвестиции, како и дека земјава ќе биде „број еден во регионот“.
-Утрово имам потврда за деветта авиолинија, но се уште не можам да ја кажам јавно. Мислам дека нашата дијаспора ќе биде многу среќна кога ќе ја слушне. Како Влада во овие 6,5 месеци имаме девет нови авионски линии, а можам да најавам и почеток на реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, истакна Николоски.