Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски остварил средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, соопшти партијата.
На средбата Николоски – Сијарто разговарале за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија.
-Високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспособната влада. Беше констатирано дека Македонија е време да започне преговори веднаш, а поддршката е сестрана од Унгарија, воедно ваква поддршка Владата треба да побара од сите држави пријатели на Европско тло, се вели во соопштението.
Николоски потоа ќе оди и во Белград каде ќе оствари средба со амбасадорката на Португалија земја претседавач со ЕУ Мариа Виргина Пина која ја покрива и Македонија.