Фолк пејачот Момо Николоски (61), кој вчера ја изгуби битката со тешката болест, рак на желудник, ќе погребан утре, во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.
Пред тоа, со почеток од 10 часот во Домот на културата во Ѓорче Петров ќе се одржи комеморација.
Неговиот колега и близок пријател, Сашо Ливрински ја потврди информацијата и упати покана до колегите кои сакаат да му оддадат последна почит на Николоски.
Момо беше дел од естрадата повеќе од 40 години. Пред четири години имаше голем славенички концерт, на кој прослави четири децении на сцената, а истиот се одржа во Домот на АРМ во Скопје.
Пееше народни, но и забавни песни, а негови хитови се „Молчи, срце, молчи“, „Билјана“, „Дано Данице“, „Биди со мене“, „Ти проштевам се” и други.
Своето последно интервју го имаше за ,,Фокус” во февруари годинава, каде раскажа за тешката болест, но и како со голема поддршка од сопругата Валбурга верувал дека ќе оздрави и ќе се врати на сцената.
Вики Клинчарова