Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на јавната расправа во Собранието во врска со состојбата со откупот на грозјето, побара интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, како и тоа Заев да го исполни она што го ветуваше во 2016 година.
-Јас и во кампањата зборував дека зелената мафија царува во Македонија и таа ја јаде маката на македонските земјоделци, а кога почнуваше кампањата некаде во јуни месец беше тешко да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари, уште потажно е да се гледа овие денови како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари, истакна Николоски.
Николовски објасни дека за да земјоделецот заработи 100-тина евра, треба да продаде меѓу три до четири и пол илјади килограми грозје, што е тажната вистина за македонските земјоделци.
Пратеникот Николовски го критикуваше премиерот Зоран Заев, затоа што како што вели требало да се појави на јавната расправа, затоа што тој својот мандат, како носител на листа го побарал во 4-тата изборна единица, како и тоа дека својот легитимитет го влече од луѓето кои се таму.
-Без разлика што Зоран Заев изгуби и во Кавадарци, и во Неготино, и во Демир Капија, и во Росоман, и во Гевгелија фер е да најде решение за овие луѓе, затоа што премиерот ги претставува нив, посочи Николоски.
Николоски прочита три јавни изјави од Зоран Заев кој се однесуваат на откупот и грижата за земјоделците од 2016 година и потенцира дека она што тој го бара од оваа јавна расправа е Зоран Заев да го испочитува тоа што го ветил, пред лозарите во 2016 година, како што кажал да го исполни.