По она што го видовме во Битола е сериозен знак на очајот со кој што е соочен СДСМ и особено нивниот кандидат во Битола, Христо Кондовски, кој што е најголемиот бандит воопшто кандидиран за градоначалник било каде низ Македонија. Кажав како што од Струмица прават Заевград, сакаат од Битола да направат Стентонград, но нема да им успее тоа, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски при средбата со граѓаните во Радовиш, одговарајќи на новинарско прашање.
Николоски додаде дека битолчани за овој обид на поткуп ќе го казнат СДСМ.
„И во очај соочени со јасниот пораз што им следува на изборите, се обидуваат да прават поткуп особено помеѓу ромското население на Баиро. Веројатно знаат но еве да ги информираме пред јавност дека изборниот поткуп е сериозно кривично дело за кое што казна затвор е од пет години нагоре. И ќе одговараат после овие избори. А, го повикувам и МВР уште веднаш да ги процесуира, доколку тоа не го направи затоа што се работи за кандидат од владејачката СДСМ, тоа ќе се направи после промената на Владата кога ќе бидат ослободени институциите, а пред се судството и обвинителството“, рече Николоски.
Николоски апелираше до сите останати кандидати за градоначалници на СДСМ да не се обидуваат да одат по стапките на Христо Кондовски, бидејќи и тие ќе одговараат пред Законот.