808
Во јавноста веќе подолго време кружат информации дека поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски, раководи со ВМРО-ДПМНЕ од Унгарија.
Потпретседателот на партијата, Александар Николоски, во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 ги отфрли ваквите шпекулации.
„Одговорно тврдам дека Груевски не управува со ВМРО-ДПМНЕ, туку со партијата раководи претседателот Христијан Мицкоски. Пред неговото бегство и потоа, ние не сме имале лична или телефонска комуникација. Тоа е вистината која граѓаните треба да ја знаат“, истакна Николоски.