897
За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, лажна вест е информацијата на министерот оливер Спасовски, дека еден од уапсените во акцијата „Двојник“ бил во редовна комуникација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ова се смешни работи, СДСМ неколку дена со ред пласира целосни лажни вести класичен фејк њуз, ги растура пердувите со цел да на тој начин ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста. Единствен со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал контакт изминатиов период, а кој што можеби е поврзан со овие работи, е Зоран Заев, ако Оливер Спасовски мисли на Зоран Заев да имаа контакт видовме сите имаше лидерска средба,“ нагласи Николоски.