Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека договорил формирање работа група која ќе ги испита можностите за нови евтини летови од скопскиот и од охридскиот аеродром. И тој и Владата, како што вели, се подготвени да дадат субвенции на новите компании со цел да дојдат повеќе туристи во земјава и македонските граѓани да имаат поевтини летови.
-Би сакал да споделам една убава вест со сите вас. Денес иако е недела, интензивно работиме. Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од скопскиот и охридскиот аеродром.
Нашата цел е следната година да има нови дестинации кои во моментов не ги оперираат охридскиот и скопскиот аеродром. Така би добиле многу повеќе туристи но и македонските граѓани полесно и поевтино ќе патуваат надвор. Ќе разговараме со неколку светски компании кои нудат брзи и евтини летови, и убеден сум дека веќе следната година ќе имаме многу повеќе дестинации – рече Николоски.