Николоски: Дали Шеќеринска го информирала Палмер за подарените „Лобутин“ чевли од Боки 13?

by Фокус

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска ги праша министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров дали на денешните средби во Блед со повеќе дипломати, меѓу кои и специјалниот преставник на САД за Балканот Метју Палмер и номинираниот за Висок преставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел ги информирале за аферата „Рекет“.

-Дали Шекеринска кога станало збор за правната држава, ги информираше соговорниците за поклонот чевли од брендот „Лобутин“ дадени од првоосомничениот во случајот „Рекет“? Кои биле темите на разговор на полноќните сеанси во домот на еден од првоосмничените во случајот „Рекет“ за што и тој самиот се пофали во еден од емитуваните разговори? Дали можеби на тие сеанси се фалела Шекеринска, за, според Заев, добиениот датум за преговори уште пред една година, или пак сепак се осврнала стратешки на таа „куфер-политика“?“, напиша Николоски на фејсбук.

Тој го праша и Димитров дали ги запознал соговорниците дека тој лично бил информиран за рекетот врз македонски бизнисмени од најмалку еден странски амбасадор, но, како што вели, решил за тоа да молчи.

„Дали информираа Шекеринска и Димитров дека вкупната сума на изрекетирани средства од бизнисмените е фантастични 20 милиони евра? Додека ги чекаме одговорите, знам и подржувам дека треба низ една транспарентна и независна постапка раветлување на случаите поднесени од СЈО, исто како што треба расветлување и одговорност на сите инволвирани во сите случаи на криминал на власта на Зоран Заев!“, порача потпретседателот на ДПМНЕ.

Поврзани новости