По ненадејната смрт на српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ, неговата сопруга Николина Пишек и неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат какоМиша Гроф, започнаа голем конфликт.
Имено, тие меѓусебно упатија бројни обвинувања, а сега адвокатот на Николина, Силвие Храсте, за хрватските медиуми потврди дека против Виктор Ристовиќ е покрената кривична постапка за семејно насилство.
Тој додал и дека во Србија е покрената оставинска постапка поврзана со имотот, со кој Миша Гроф нема никаква врска.
– Покрената е и оставинска постапка за Видое Ристовиќ, а со оглед дека таму се наоѓа неговиот имот. Тој имот нема врска со имотот на неговиот татко. Не само што сега сум адвокат на Николина Ристовиќ, туку изминатава година соработував и со покојниот Видое и имам сознанија за неговите деловни активности кои немаат врска со семејниот имот. Имаме информации кај кого и каде е имотот – изјавил тој.