387
Српскиот претседател Томислав Николиќ и словевечкиот претседател Борут Пахор, на Самитот на лидерите на процесот „Брдо-Бриони“ во Будва, изразија загриженост поради случувањата во Куманово и побараа истрага за настанот.
– Запрепастени сме и доста загрижени поради последната сурова акција на албанските терористи во Куманово во Македонија. Тоа што се случи е недопустливо – рекол Николиќ.
Пахор, пак, порачал дека истрагата за инцидентот во Куманово е важна, како за процесите во земјата, така и за регионот.