Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?

by fokus

Осудениот Никола Војминовски на 13 години затвор за нападот над пратеникот Зијадин Села не бил пронајден дома, по рутинската контрола на полицијата, пренесува „Алсат-М“.

Него му беше одреден куќен притвор до правосилност на пресудата, а од Кривичен суд ниту ја демантира, ниту ја потврдува информацијата дека Војминовски избегал и го проверувале случајот.

Инаку, Никола Војминовски сведочеше и за големиот случај за 27 април каде во својот исказ посочи дека слушнал како еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, со некого зборувал дека единствен излез за ситуацијата пред две години било да се отворат собраниските врати.

Поврзани новости