581
По седум месеци непојавување во јавноста, денеска поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров беше гостин во вестите на Канал 5 каде го објаснуваше паралелниот увоз на лекови.
Тој тоа го направи со помош на неговиот мобилен телефон. Рече дека тој телефон во Македонија чини 700 евра, а парлалениот увоз на лекови е ако тој го купи телефонот од друга земја каде неговата цена е 500 евра.
Тодоров негираше дека на тој начин во Македонија се увезувале фалсификувани лекови и со непроверен квалитет. Сепак, во еден момент се огради и рече дека фалисификувани лекови не се увезувале со негово или нечие знаење, а секој кој се сомневал дека некој лек е фалсификуван треба тоа да го пријави.