Никола Наумоски: Не сум вработен во Министерство за култура, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги тужам

by Fokus

Откако повеќе од десетина дена главна тема на муабет се вработувањата во новата влада, од ВМРО-ДПМНЕ  на прес-конференции тврдеа дека Никола Наумоски е вработен во Министерството за култура.

Тој ја демантира ваквата информација, додавајќи дека е лага и тврди дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со тужба и барање за оштета.

– Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати на пресконференции и собраниски говори на Емилија Александрова, Димче Арсовски и Антонио Милошоски бев клеветен дека сум вработен во Министерството за Култура, односно Владата на Република Македонија. Оваа лага, заедно со пратечки коментари дека работното место сум го заслужил со плукање по поранешната влада, беше причина да упатам допис до партијата со барање за извинување и исправка на наводите. Бидејќи не го направија тоа, ќе се соочат со тужба и барање за отштета – истакна Наумоски.

Тој додава дека не е вработен во министерството за култура (ниту во некоја друга државна институција).

– Ниту редовно, ниту привремено, на ниеден начин не сум вработен во министерството и никогаш не сум бил – вели Наумоски.

Поврзани новости