430
Писателот Никола Маџиров е овогодинешниот добитник на титулата Национален уметник на Република Македонија, која ја доделува претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Од неговиот Кабинет соопштија дека Иванов денеска ќе му ја врачи оваа титула на писателот Маџиров.
Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата Национален уметник на Република Македонија се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчевски, сценаристот и режисер, проф. Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова –Теодосиевска, оперскиот пејач Борис Трајанов и оперската певица Ана Дурловски.