Никола купи стан од Голден Арт – и доби уште еден гратис!

by Fokus

Голден Арт неодамна ја заврши својата револуционерна кампања „Купи дом, освој стан“ со возбудливо извлекување во живо што ја воодушеви публиката.

Како благодарност за довербата во изминативе 18 години од постоењето, Голден Арт понуди уникатен предлог: секое физичко лице кое купи стан или деловен простор помеѓу 24 јуни 2023 година и 23 јуни 2024 година, автоматски влезе во игра за освојување на луксузен стан во комплексот КАРЕДО гратис!

Најсреќен беше 33-годишниот Никола Дојчиновски од Скопје, кој во август минатата година купил стан во комплексот 4 Степени во Аеродром. Возбудата на Никола беше максимална кога го прими победничкиот повик во живо за време на извлекувањето проследено на Фејсбук каналот на Голден Арт.

За дополнително да го сподели овој радосен момент, Голден Арт објави кратко интервју со Никола, каде тој ја изрази својата возбуда и благодарност.

Кампањата на Golden Art постави нов стандард на пазарот на недвижности, докажувајќи дека е компанија која максимално ги цени своите клиенти. За повеќе информации и за да го погледнете целото извлекување, посетете ја Фејсбук страницата на Golden Art.

Повеќе информации околу понудата на станови и деловен простор од Golden Art може да добиете кај нивните агенти за продажба на 071 225 888 или 075 225 888.

Поврзани новости