Никола Јакимоски го фати светиот крст во водите на Охридското езеро

by Fokus

Среќниот охриѓанец Никола Јакимоски го фати крстот во водите на Охридското езеро.

Крстот во осветените води утрово беше традиционално положен на градското пристаниште.

„Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече 29-годишниот Јакимоски.

Илјадници верници присуствуваа на светиот чин, по што многумина влегоа да се искапат во осветената вода.

Поврзани новости