Покрај Никола Груевски, на прашања ќе одговараат и Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков и Миле Јанакиевски кои се пакетот први сведоци пред Анкетната комисија за прислушувањето. Секој од 16-те члена на Комисијата ќе добие три пати по 5 минути да им поставува прашања на сведоците, а тие имаат право на одговор со исто времетраење. Според програмата за работа, Анкетната комисија ќе сослушува сведоци од 7 декември до 22 јануари.
Навистина е штета што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа седницата кога првите сведоци ќе ги даваат своите искази пред членовите на комисијата да биде затворена за јавноста. Изгледа сепак ништо од тоа нивното, популарното – Народот ќе одлучи.
Според мене, најдобро е да биде отворена и јавна седница, за народот навистина да одлучи и ги слушне нивните сведоштва. Дури седницата треба да се емитува и во живо на МРТВ за работите на сите да ни бидат појасни.
Инаку за потсетување, граѓаните на Република Македонија не видоа ниту една дебата меѓу Груевски и било кој лидер на партија од опозицијата во последниве 10 години, а исто така и ниту едно интервју (освен она на B92) каде нашиот премиер одговараше на недоговорени новинарски прашања без претходна консултација за можните прашања и одговори. Сите интервјуа по медиумите до сега му беа со претходно спремни и начарачни прашања, како и однапред подготвени одговори. За се на крај, наместо новинари, да го испрашува Анкетната комисија за прислушување.
Но, ете, дојде времето кога Македонија пишува историја. Дојде моментот кога Никола Груевски за прв пат во неговото владеење ќе одговара без претходно напишани одговори на прашања што не се однапред договорени и нарачани. Како бонус предлог од мене, Груевски да биде ставен на полиграф додека ги одговара ненарачаните прашања. За секој случај, сите да бидеме на чисто и сигурно. Кога можеше Вучиќ, тогаш зошто не и Груевски?
Затоа исто како и вие, така и јас, едвај чекам да ги слушнам негоите „искрени“ одговори.