705
Директорот на новата Агенција за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска го означи почетокот на работа на агенцијата која ја замени УБК.
Тој објасни дека била напревена селекција на вработени од УБК и оние кои ја поминале селекцијата ќе работат во новата Агенција. Сепак, оние за кои се утврдило дека не можат да поседуваат безбедносен сертификат, нема да останат без работа.
-За оние кои не ја поминаа селкецијата за Агенцијата, остануваат вработени во Министерството за внатешни работи, освен оние за кои во безбедносна постапка ќе се покаже дека не можат да поседуваат безбедносни сертификати. Меѓутоа и за нив е предвидено вработување во останати државни институции, рече Димовски.