Постапките на сите здравствени работници вклучени во лекувањето на малата Јана биле во согласност со сите правила и начела на медицината и нема основ за кривично гонење.
Ова е одлуката на надлежното јавно обвинителство Битола по вештачење засновано на целокупната медицинска документација, здравствената историја и наодот од обдукција, како и исказите на испитаните здравствени работници и на родителите на петгодишната Јана која почина во битолската болница.
-Основното јавно обвинителство Битола до семејството на починатата го достави интегрално извештајот од институтот за судска медицина во кој експлицитно е наведено дека во постапувањето на медицинскиот персонал која го лекувал девојчето на 22.03.2023 година не се содржани елементи на кривичното дело несовесно лекување болни од член 207 од кз или некое друго кривично дело кое се гони по службена должност, стои во соопштението во кое се додава дека обвинителството ќе ги разгледа сите евентуални иницијативи за дополнителни проверки кои ги најавуваат застапниците на оштетеното семејство, иако до овој момент такви не се пристигнати .
Обдукцијата покажа дека девојчето починало од од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Сепак семејството најави меѓународна експертиза и борба за вистината.
Овие тврдења се содржани во обдукционот наод. Но, со ваквата одлука не се согласува семејстовото Христовски. Најавија сопствена експертиза и нова битка за докажување на вистината.