Никој нема да одговара за обидот за убиство на новинарот Денесовски

by fokus

Јавното обвинителство во Охрид ја повлече кривичната пријава за обид за убиство против две лица од Село Лесковец, кои минатата година крвнички го претепаа новинарот Сашо Денесовски.

Според решението од обвинителството, обид за убиство не е дело кое се гони по службена должност.

Денесовски пред речиси една година, беше нападнат со метални шипки во дворот на неговиот дом, при што се здоби со тешки телесни повреди, но за среќа успеа да се сокрие во неговото возило и да се спаси од напаѓачите.

решение

Поврзани новости