78
Меѓународниот суд на правдата нема да го одврати Израел да ја води војната во Газа до целосна победа, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, откако Јужна Африка поднесе тужба за израелскиот геноцид врз Палестинците.
„Никој нема да не спречи – ниту Хаг, ниту Оската на злото, никој“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
Израелскиот премиер рече дека допрва треба да се донесе одлука за потенцијалното воено преземање на „Коридорот Филаделфија“ долж границата на Појасот Газа со Египет.
Нетанјаху рече дека „има голем број опции“, вклучително и преместување на силите во (коридорот) Филаделфија.
„Разгледуваме опции и допрва треба да донесеме одлука“, рече Нетанјаху.