Никој не води на анкетите, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изедначени

by fokus

На прашањето за која партија ќе гласате доколку утре се одржат  парламентарни избори,за СДСМ би гласале 24,4 отсто,  а за ВМРО-ДПМНЕ 24 отсто, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Според податоците од анкетата  на МЦМС за ДУИ би гласале 6,9, додека за Алијанса за Албанците 2,7 отсто. БЕСА би добила 1,7 проценти.

За други партии се изјасниле 2,5 проценти од испитаниците, а не знаат или нема да гласаат 37,8 проценти.

Кај етничките Македонци, ВМРО-ДПМНЕ има мала предност од 31,2% наспроти СДСМ со 28,3%.  СДСМ се уште има поддршка кај 8% од етничките Албанци, додека кај ВМРО-ДПМНЕ таа е помала од 1%.

Овој резултат е во рамките на испитувањето на јавното мислење за претстојниот референдум, кое за МЦМС го спроведе агенцијата М-проспект во периодот од 24 јули до 01 август 2018 година. Анкетата е спроведена на примерок од 1026 испитаници. Резултататите се подложни на статистичка грешка од плус , минус 3,1 одсто.

Поврзани новости