531
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вели дека никој не вежба во фитнес-салата во собранието, откако таа била затворена поради ковид-мерките.
-Ја користевме теретаната, но поради одредени причини засега не е отворена. Сега е надвор од функција, но и не вежбаме поради големиот број обврски кои ги имаме. Немаме време за спортски активности – рече Мицевски на Сител.