Според вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаме согласност од Бугарија, доколку го прифатиме овој пакет, да го потпишеме договорот со Фронтекс, кој што, како што рече, е договор со Европска Унија, не само со Бугарија, во кој, исто така, ќе пишува македонски јазик.
– Тоа ни е гаранција дека Бугарија нема да се противи на формулацијата македонски јазик во документите на ЕУ, што беше наша цел.
На крајот на процесот, посочи тој, македонскиот јазик, според сето ова ќе се официјализира како службен јазик на Европската Унија.
– Ние ништо друго и нема да прифатиме, ниту можеме да прифатиме. Доколку во кој било момент добиеме непристоен предлог за јазикот и идентитетот, ние имаме целосно право и да ги напуштиме и да ги прекинеме преговорите, рече тој.
Маричиќ смета дека никој не може да не натера да се асимилираме и тоа не може да се случи, затоа што, според него, никој не може во денешно време да го асимилира нашето чувството како Македонци или било чие етничко чувство или кој јазик го говори.