Ник Кирјос беше заколнат непријател и стана голем пријател со Новак Ѓоковиќ.
Затоа може да си дозволи коментари како минатиот, кога рече дека е единствениот што може да го победи Новак Ѓоковиќ.
И тоа на Вимблдон, каде загуби од него во минатогодишното финале.
„Никој не може да го спречи. Ако јас не го спречам, никој не може“, јасно вели Кирјос.
На прашањето колку грен слем титули може да освои Ѓоковиќ до крајот на кариерата, Кирјос на шега вели:
„Се надевам на 30. Така ќе изгледам подобро што загубив од него во финалето на Вимблдон“, изјави Австралиецот.
Ѓоковиќ стигна до грен слем титулата број 23 на Ролан Гарос.
„Новак постигна неверојатен успех, знам колку работи и колку му значи сето тоа. Знам колку Грен слемови пропушти затоа што не можеше да влезе во земјата. Сега би имал 25-26 титули“, истакна Кирјос и заклучи:
„Тој е многу гладен за успех. Луѓето мислат дека ќе престане, но овие успеси само ќе разбудат уште поголема мотивација кај него. Се надевам дека ќе има 28-30 грен слемови“.