Прво сакам да укажам дека ова прашање за името е исклучително чувствително за граѓаните на Република Македонија, дека дел го следат со големо внимание и загриженост, а некои со гнев. Сакам да укажам дека ние како Влада имаме целосно разбирање за ова, сакаме да го решиме ова прашање на начин што и кај нас и кај нашите соседи во Грција ќе се смета за достоинствен начин, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата на државниот врв со медијаторот, Метју Нимиц.
Тој рече дека има разбирање за грчките граѓани кои се идентификуваат како Македонци, но дека никој нема ексклузивно право на терминот.
-Во Европа во 21-от век не само нашите соседи во Грција, туку и било кој друг не може да го допре моето право и правото на нашите грааѓани да бидат Македонци и да се чувствуваат како такви. Македонија не може да биде само наша, но не може да биде ни само грчка, затоа што имаме дел од Македонија, и трета држава има дел од Македонија. Единствениот начин за решавање е тоа да не биде ексклузивно право. Никој не може да има монопл врз употребата на терминот Македонија, различни нешта подразбираме кога ќе кажеме дека јас сум Македонец или кога некој Грк ќе рече дека е Македонец – додаде министерот.
Тој одби да зборува за црвените линии затоа што рече дека така би за намалил просторот за преговори, а на тој начин и да се дојде до решение. Решението реше мора да биде пирфатено од граѓаните на двете држави.
-Доколку има достоинствен начин што ќе ги почитува идентитетите на двете страни, тој начин ќе го најдеме. Можно е и да нема таков начин, наше е да направиме се што можеме да го најдеме тој начин. Ова прашање не може да се реши доколку една страна се почувствува поразена. Мора да најдеме начин. Лесно е да се закопате во историските ровови, но време е регионот да оди напред. Историјата не можеме да ја менуваме, но можеме да креираме заедничка и европска иднина – рече Димитров.
За идентитетот на македонската нација, Димитров категоричен дека не се расправа.
-Тоа не може да биде предмет на преговори бидејќи не е предмет на одлука туку резултат на историски процес. Прашањето е поголемо од мене и од преговарачи. Ако дојдеме до таа точка за решение да треба да се допира идентитеот, нема да има решение, но ќе биде жално ако две европски држави во 2018та не се доволно големи ова да го препознаат – порача тој.