675
Коста К. (13) коj изврши масакaр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, веќе шест дена е на специјално одделение во психијатриска клиника, а како што пишуваат српските медиуми, неговата мајка ниту еднаш не изразилa желба да го види.
– Тој е сместен на Клиниката и е следен од лекари кои секојдневно ја набљудуваат неговата состојба, а објектот е и под надзор на Одделот за криминалистичка полиција. Никој од неговото најблиско семејство никогаш не дошол да го посети, ниту пак изразил желба да го направи тоа – вели извор близок до семејството на момчето.
На Клиниката единствено дошла неговата братучетка, која не го посетила, туку само дошла и им ги предала работите за него на вработените.