Никој не дава конкретни одговори зошто денеска не е закажана конститутивната седница

by Fokus

Откако вчера беше објавено дека денеска ќе се одржи конститутивната седница, на која ќе се избере старо-новиот спикер Талат Џафери, досега нема закажано седница.

„Фокус“ се обрати до владејачката партија СДСМ, од каде кратко одговорија дека нема никакви проблеми зошто не е закажана седницата, но не ни дадоа поконкретни информации.

Според ТВ Алсат-М, вчерашната седница на Централниот совет на ДУИ ја бојкотирале пратениците од Чаир и Сарај, Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Двајцата пратеници наводно најавиле дека нема да учествуваат во гласањето на Талат Џафери за претседател на Собранието и на новата влада.

Поврзани новости